Нова индустриска зона во Кичево

Bez autora
Sep 12 2011

Со отворање на нова индустриска зона, Ивандол 2, пуштање во употреба на нов Чифлик мост и нов локален пат до Крушино, кичевци го одбележаа Денот на ослободувањето на градот. Според Благоја Деспотовски, градоначалникот на Кичево, новиот мост кој е изграден на реката Сушица во најстарата населба, Чифлик маало, ќе ги обедини двете страни на градот и ќе им го олесни животот на жителите од околината, а индустриската зона ќе помогне да се врати развојот во градот и ќе ја зголеми вработеноста. Новиот мост, индустриската зона и локалниот пат кои ги пуштивме во употреба се значајни за економскиот развој на градот. Мостот ги спојува двете страни на градот, а локалниот пат ќе го олесни патот на туристите до Крушино, наместо кое важи за туристичка атракција во нашиот град. Во индустриската зона веќе почнаа да се градат неколку фабрики, за ремчиња за рачни часовници и за преработка на сточна храна. Со отворањето на индустриската зона очекуваме околу 200 нови вработувања.

Нова индустриска зона во КичевоСо отворање на нова индустриска зона, Ивандол 2, пуштање во употреба на нов Чифлик мост и нов локален пат до Крушино, кичевци го одбележаа Денот на ослободувањето на градот.

Според Благоја Деспотовски, градоначалникот на Кичево, новиот мост кој е изграден на реката Сушица во најстарата населба, Чифлик маало, ќе ги обедини двете страни на градот и ќе им го олесни животот на жителите од околината, а индустриската зона ќе помогне да се врати развојот во градот и ќе ја зголеми вработеноста.

„Новиот мост, индустриската зона и локалниот пат кои ги пуштивме во употреба се значајни за економскиот развој на градот. Мостот ги спојува двете страни на градот, а локалниот пат ќе го олесни патот на туристите до Крушино, наместо кое важи за туристичка атракција во нашиот град. Во индустриската зона веќе почнаа да се градат неколку фабрики, за ремчиња за рачни часовници и за преработка на сточна храна. Со отворањето на индустриската зона очекуваме околу 200 нови вработувања. Проектите за развивање на градот и туризмот нема да запрат тука, планираме уште многу проекти со кои ќе им го олесниме животот на нашите сограѓани“, истакна градоначалникот Деспотовски.

Тој додаде дека општинскиот совет планира да ги смени генералниот и деталниот урбанистички план за градот, за да се овозможи поголема површина за изградба на фабрики во индустриската зона.

Кичевци се пресреќни поради новите инфраструктурни зафати кои ги направил градот, бидејќи досега, како што велат, ситуацијата во градот, особено во Чифлик маало била страшна, многу нивни сограѓани почнале да ги продаваат и куќите поради неподносливи услови за живот. „Немавме ниту асфалтирани улици, ниту пак цврсти мостови за да ја поминуваме реката без страв. Ситуацијата беше особено страшна во пролет и есен кога надоаѓа реката. Многу луѓе почнаа да ги продаваат и издаваат куќите. Мислам дека сега би требало да се подобри ситуацијата. Навистина сме задоволни што работите конечно почнаа да мрднуваат од мртва точка, само се надеваме дека проектите нема да застанат тука“, коментираат кичевци.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik